Во Законот за спречување на перење на пари и финансирање на тероризам (,,Службен весник на Република Северна Македонија’’ бр.151/22), се утврдуваат неколку забрани и тоа:

  1. Се забранува плаќање со готовина на стоки и услуги во износ од 3.000 евра или повеќе во денарска противвредност во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги, доколку со друг закон не е поинаку уредено. Оваа забрана не се однесува на приредувачите на игри на среќа.

Субјектите што со закон се овластени за регистрација на хартии од вредност, друг имот или правни работи или за пријавување или вршење на пренос на пари, хартии од вредност или друг имот, можат да извршат таква регистрација или пренос само ако клиентот поднесе доказ дека преносот на парите над износот od 3.000 евра е извршен преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која даваплатежни услуги.

– платниот инструмент се надополнува или вкупниот износ на трансакции на месечно ниво не е ограничен во износ од 150 евра во денарска противвредност, според средниот курс на Народната банка на Република Северна Македонија и може да се користи само во Република Северна Македонија;

-максималниот износ на платниот инструмент надминува 150 евра во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на Република Северна Македонија;

-платниот инструмент не се користи исклучиво за набавка на стоки или услуги;

-платниот инструмент да е издаден како анонимен и

-издавачот на платниот инструмент не ги следи и не ги контролира трансакциите или деловните односи, со цел да открие сложени или невообичаени трансакции или сомнителни трансакции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *