Согласно брифингот на министерот за финансии Фатмир Бесими, даночната реформа ги опфаќа данокот на добивка, данокот на личен доход, данокот на додадена вредност, акцизите и еколошката даночна политика. Предвидените законски измени во најголем дел се планира да се применат од 1 јануари 2023 година.

Се предлага да се плаќаат придонеси за договорите на дело, како и да се воведе данок на каматите на штедните влогови.

Воедно, се најавува како можност оданочување на личниот доход над 90.000,00 денари, по стапка од 18%. Но дали ќе се воведува прогресивното оданочување, согласно изјавите на министерот, ќе зависи од јавната дебата која ќе следи во периодот пред нас.

Во делот на ДДВ промените се однесуваат на понатамошно зајакнување на основните принципи на системот на ДДВ, како и допрецизирање на правата и обврските на даночните обврзници.

Фискална реформа која се најавува е т.н. СМАРТ систем на јавни финансии. Очекувањата на министерот за финансии се ваквиот  систем позитивно да влијае врз заздравувањето на економијата, преку праведно оданочување, проширување на даночна база и зелено оданочување. Зеленото оданочување се однесува на стимулирање на даночните обврзници да го намалат своето однесување, со кое придонесуваат за загадување на животната средина.

Се предвидува ревидирање на даночните стимулации при што ќе се креира фискален простор за спроведување активна даночна политика за стимулирање на инвестиции на приватниот и на јавниот сектор во технологии кои поддржуваат зелена транзиција и дигитална трансформација.

Во јавноста има спротивставени мислења за најавената даночна реформа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *